fbpx

Русија ќе возврати на проширувањето на НАТО кон исток

-

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе возврати на проширувањето на Северноатлантската алијанса кон исток.

НАТО денеска ја повика Црна Гора да се приклучи кон Алијансата и да стане нејзина 29. членка.

Песков рече дека санкциите што Русија ги вовела кон Турција поради соборувањето на рускиот борбен авион се поинакви од тие што Западот ги воведе кон Русија поради украинската криза.

– Руските санкции кон Турција се превентивни и се однесуваат на заканите од тероризам – рече Песков.

Претседателот на комисијата за одбрана и за безбедност при рускиот Совет на федерацијата, Виктор Озеров, изјави дека Русија ќе ги запре сите заеднички проекти со Црна Гора доколку земјата се приклучи на НАТО, особено проектите во воената сфера.

Американскиот државен секретар, Џон Кери, изјави дека НАТО е одбранбена алијанса и неговата одлука да се прошири на Балканот не е насочена против Русија или која било друга земја.

– НАТО не е закана за никого… Тоа е одбранбена алијанса, чија единствена цел е да осигура безбедност. Не е насочена против Русија, ниту против кој било друг – рече Кери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...