fbpx

ЦО на СДСМ им даде поддршка на кадровските решенија за преодната влада

-

Централниот одбор на СДСМ синоќа едногласно им дал поддршка на сите номинации за министри и за заменици-министри: Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи, Фросина Ременски за министерка за труд и социјална политика, Александар Кирацовски за заменик-министер за информатичко општество и администрација, Кире Наумов за заменик-министер за финансии и Љупчо Николовски за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Јасно е за сите, влегуваме во Владата само како коректив на власта, за да обезбедиме гаранции за фер и демократски избори во интерес на граѓаните и на Република Македонија – рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Централниот одбор синоќа едногласно го избра потпретседателот Дамјан Манчевски за шеф на изборниот штаб на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...