fbpx

Абас го осуди нападот на синагогата во Ерусалим

-

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го осуди нападот на синагогата во Ерусалим.

Во соопштеното на палестинскиот претседател ,се осудува убиството на „верниците за време на молитвата во синагогата“, како и „убиството на цивили без разлика на која страна се“.

Четири верници утринава се убиени при нападот на двајца Палестинци од источен Ерусалим. Напаѓачите се убиени при полициската интервенција.

Народниот фронт за ослободување на Палестина презеде одговорност за нападот во синагогата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел остро ќе одговори на нападот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...