fbpx

Денеска средба Иванов-Николиќ

-

Разликите околу некои прашања не смеат да бидат пречка за зајакнување на соработката на двете држави. Односите меѓу Македонија и Србија се на исклучително високо ниво, соопштија од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов во пресрет на средбата со неговиот српски домаќин, Томислав Николиќ, денеска во Белград. Од кабинетот додаваат дека потврда за одличните односи меѓу Скопје и Белград, меѓу другото, е заедничката седница на двете влади и најавата за следна таква седница.

Според соопштението, двајцата претседатели ќе разговараат за евроатлантските интеграции и за состојбите и предизвиците во регионот, особено со оглед на претстојното претседавање на Србија со ОБСЕ. Тема на разговорот Иванов – Николиќ ќе бидат и начините за зајакнување на соработката во повеќе сфери, пред сè економијата, крупни проекти за регионални инфраструктурни поврзувања, патни и железнички. Од кабинетот на Иванов велат дека се очекува зајакната соработка и во културата, здравството, безбедноста.
Возвратната посета на македонскиот претседател на Србија е во рамки на постојниот дијалог на високо ниво и е дел од агендата во вториот мандат на Иванов за одржување на добрососедските односи и за зајакнување на регионалната соработка. Планирани се посети на повеќе земји од регионот.
Утре претседателот Иванов во Белград ќе учествува на 38. средба на Европската група на Трилатералната комисија, што во медиумите се оценува како собир на највлијателните луѓе во светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...