fbpx

СДСМ: Заштитата од семејно насилство не функционира

-

Опозициската партија СДСМ денеска обвини дека заштитата од семејно насилство лошо се применува на терен, а показател за тоа, според партијата, е последниот случај на тројното убиство во Кавадарци.

Мила Царовска од СДСМ посочи дека згрижувачките центрите не работат, полициските станици наплаќаат за посета на семејства каде има пријава за семејно насилство, здравствените институции сметаат дека пријавувањето жртви на семејно насилство не е нивна обврска, а центрите за социјална работа немаат технички ресурси за увид во семејствата и за работа на терен.

Според СДСМ, недостасуваат советувалишта за деца, а новиот Закон за превенција, спречување и за заштита од семејно насилство не понуди никакви конкретни решенија за проблемите.

Социјалдемократскиот сојуз ја повикува власта што поскоро да ја ратификува Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против домашното насилство и насилството врз жените, попозната како Истанбулска конвенција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Пристанишниот град Одеса беше бомбардиран синоќа, пренесува Би-би-си и Еуроњуз. Нападната беше зградата која локалци ја нарекуваат „Хари Потер замок“. Засега се забележани најмалку пет загинати лица. Тие кои биле...