fbpx

Штипскиот театар со нова премиера

-

Десет приказни од Марко Цепенков го сочинуваат текстот на претставата „Лулка“, што во режија на Андреј Цветановски, премиерно ќе биде изведена в сабота, во националната установа „Ацо Шопов“ во Штип.

Режисерот Цветановски вели дека десетте приказни ја носат народната мудрост, која треба да ја знае секој од нас. Жанрот на претставата, според тимот, е преплетување на фарса, комедија и на трагедија, што ја прави претставата шарена и разновидна.

– Сè што одбравме е одраз на македонскиот идентитет. Тоа што го одбравме може да се стави во една лулка, затоа и така ја именувавме претставата – вели актерката Кристина Атанасовска.

Специфично е дека претставата се игра на различни дијалекти што се зборуваат во различни говорни подрачја од Македонија.

Претставата „Лулка“ е последна премиера од одобрените проекти од Министерството за култура, а за неа се одвоени 750.000 денари.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...