fbpx

Украина се подготвува за војна на истокот на земјата

-

Украинската влада објави дека Русија „ја премина црвената линија“ и оти Киев повторно се подготвува за војна на истокот на земјата.

Главна задача на вооружените сили е „подготовка за борба“ во време кога проруските сепаратисти ги групираат силите, соопшти министерот за одбрана, Степан Полторак, на состанокот на владата во Киев, јавуваат украинските медиуми.
Премиерот Арсениј Јацењук уверува дека владата прави сè за да ја смири ситуацијата и ги обвини Русија и сепаратистите дека го прават спротивното.

– Светот не страда од далтонизам, а црвената линија е премината не десеттина туку стотина пати – рече Јацењук.
Сепаратистите повторно ги отфрлија тврдењата дека поседуваат проруско оружје и додадоа дека ги преместуваат војниците во Донецк бидејќи владините сили го бомбардираат.

– Имаме многу оклопни возила кои ги заробивме од украинската војска, тоа се сега наши трофеи – рече Борис Литвинов, еден од лидерите на бунтовниците во Донецк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...