fbpx

„Раша тудеј“ отвора нови центри

-

Информативната агенција „Раша тудај“ ја покрена мултимедијалната група „Спутник“, која вклучува центри во повеќе од десеттина држави.

Според генералниот директор Дмитриј Кисељев, планирано е во текот на 2015 година да бидат емитирани околу 800 часови радиопрограма дневно во 34 држави и во 130 градови во светот. Целта на медиумот ќе биде да ја покаже мултиполарноста на светот, во кој секоја земја има свои интереси, култури и традиција.

– Ние сме против агресивната пропаганда што го храни светот. Обезбедуваме алтернативно толкување на светот. Секако, постои потреба за тоа – вели Кисељев, додавајќи дека во во главните градови ќе бидат вработени од 30 до 100 лица.

Вестите ќе бидат емитувани на руски, абхазиски, англиски, грузиски, дари и пушту (јазици во Авганистан), шпански, казахстански, кримско-татарски, кинески, курдски, летонски, молдавски, германски, таџикистански, полски, португалски, турски, узбекистански, украински, фински, француски, хинду, естонски и на јапонски јазик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гласањето е мирно и без проблеми, МВР не регистрира посериозни нарушувања на редот и мирот

Министерството за внатрешни работи не регистрирало посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето за парламентарните и претседателските избори денеска. Како што информира портпаролот на МВР...