fbpx

Стипе Месиќ стана почесен граѓанин на Гостивар

-

Денеска во Гостивар, поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ,  го доби признанието почесен граѓанин. На свечената седница на Советот на Општината, клучот на градот му го врачи градоначалникот, Невзат Бејта.

Месиќ се заблагодари на честа што му ја укажана.

– Имам многу признанија, но ова ми е особено драго, бидејќи е донесено со едногласна одлука во Советот и преставува голема чест за мене. Ме радува и тоа што гледам дека мачните времиња на Балканот се зад нас и остануваат во минатото. Ова е уште еден доказ дека демократијата вреди да се негува – рече Месиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање да даде оцена дали во Македонија се води добра економска политика, Месиќ одговори дека тој не сака да се меша во внатрешните работи на земјава и дека тоа би било некоректно од негова страна.

Во придружба на Месиќ беше и Идриз Сулејмани, за кого беше речено дека ќе биде кандидат за пратеник во хрватскиот Сабор, а тој во своето обраќање ја побара поддршка од своите сонародници од дијаспората за престстојните парламентарни избори во Хрватска.

Одлуката за доделување на признанието, членовите на Советот на Општина Гостивар ја донесоа минатата недела, со образложение дека Месиќ ја заслужува ваквата титула, затоа што во текот на политичката кариера се посветил на намалување на поделбите меѓу народите и промовирање на демократските вредности.

Стипе Месиќ во април 2012 година беше прогласен за почесен граѓанин на Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...