fbpx

Брисел ќе соработува со новата влада на Турција

-

Европската унија денеска соопшти дека ќе соработува со новата турска влада, откако вчера на парламентарните избори победи конзервативната партија на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

– Изборите во Турција, на кои имаше голем одѕив на избирачите, ја потврдија силната посветеност на турскиот народ кон демократските процеси во земјата – изјавија во краткото соопштение шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Двајцата европски претставници рекоа дека Брисел ќе соработува со идната влада за да се „подобри партнерството со Турција и да се продолжи процесот на соработка во сите области, кои се за доброто на граѓаните“.

Соочена со бегалската криза, ЕУ сака Турција да прими повеќе бегалци и да ја зајакне контролата на своите граници. Турција, во замена, ќе добие пари за згрижување на бегалците и ќе може да ги продолжи преговорите за членство во ЕУ.

Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) освои апсолутно мнозинство на предвремените избори, добивајќи 315 пратенички мандати, кои ги изгуби на изборите одржани пред пет месеци.

Денеска се очекуваат првите оцени на меѓународните набљудувачи за текот на изборите.
Ердоган, во меѓувреме, го повика „целиот свет“ да ја почитува националната волја на Турција.
– Волјата на нацијата покажа дека ја поддржува стабилноста. Ајде сите да бидеме еден и сите да бидеме Турција заедно – рече Ердоган.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...