fbpx

Повеќе од 300 загинати и 2.000 повредени во земјотресот што ги погоди Авганистан и Пакистан

-

Повеќе од 300 загинати и најмалку 2.000 повредени е моменталниот биланс од силниот земјотрес, со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, што вчера ги погоди Авганистан и Пакистан, јавуваат светските агенции.

Во меѓувреме, како што пренесува „Би-Би-Си“, интензивирани се напорите на спасувачките екипи за помош на жителите на погодените области.

Спасувачки тимови се испратени во оддалечените планински области каде сè уште нема доволно податоци за последниците од потресот.

Според медиумските извештаи, голем број луѓе од погодените региони, во страв од нови потреси, ноќта ја поминале на отворено, на многу ниска температура.

Авганистанскиот претсдател, Ашраф Гани, во своето телевизиско обраќање ги повикал жителите на погодените региони да се вклучат и да им помогнат на спасувачките тимови.

Талибанците, кои контролираат делови од провинциите на северо-истокот на Авганистан, ги повикале хуманитарните агенции „да не се воздржуваат“ во носењето хуманитарната помош и им наредиле на своите припадници да им помогнат на жртвите од земјотресот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Словачките новинари стравуваат дека обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо може да доведе до уште поголема поларизација и задушување на независните гласови. Неколку високи политичари од владејачката коалиција...