Најмалку 70.000 Сиријци ги напуштиле своите домови во изминатите три дена откако силите лојални на претседателот Башар ал-Асад, со поддршка на руската авијација, почнаа офанзива врз позициите на опозициските бунтовници, јужно од градот Алепо, соопштиле активисти на хумантираните организации, јавува „Би-Би-Си“.
Првиот човек на Унијата на организации за медицинска помош на Сирија, доктор Заидоун ал-Зоаби, за британскиот национален сервис изјавил дека неколкуте села што тој ги посетил биле целосно празни, додавајќи дека видел илјадници луѓе како бегаат, без засолниште и медицинска помош.
Покрај околината на Алепо, офанзивата на сириската армија е насочена и во руралните подрачја северно од градовите Хомс и Хама, како и во северните делови на провинцијата Латакиа, долж морскиот брег.
Милитантите на опозицијата, не вклучувајќи ги џихадистите на Исламска држава (ИД), ги зазедоа овие важни стратегиски места на почетокот од годинава.