fbpx

Путин: Централна Азија е цел на екстремистите од Авганистан

-

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на лидерите на државите од Централна Азија им порача дека постои можност да се соочат со екстремисти од Авганистан.

Путин во Казахстан, на самитот на лидери на поранешни советски републики, оцени дека ситуацијата во Авганистан се „приближува до критична“.

– Терористи од сите видови не ги кријат своите планови за експанзија. Една од нивните цели е да продрат во Централна Азија. Важно е да бидеме подготвени за заедничка реакција на тоа сценарио – рече рускиот претседател.

Путин изрази загриженост поради руските државјани кои во Сирија се борат во редовите на Исламска држава.

– Не можам да им дозволам искуството стекнато во Сирија да го искористат дома – рече Путин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В недела инаугурација на Силјановска Давкова за претседателка

Инаугурацијата на новата претседателка на државата Гордана Силјановска Давкова ќе се одржи во недела во 12 часот. Од Кабинетот на претседателот на Собранието Јован Митрески информираат дека откако ќе пристигне...