fbpx

НАТО ќе ги разгледува „проблематичните воени активности“ на Русија во Сирија

-

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО ќе ја разгледуваат „проблематичната ескалација на руските воени активности“ во Сирија, изјавил генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, во пресрет на состанокот на шефовите на дипломатиите, јавува „Би-Би-Си“.

Според информациите, Столтенберг изразил загриженост поради употребата на крстосувачки ракети од Русија, покрај воздушните напади и додал дека НАТО е подготвена да ги брани сите свои сојузници.

Генералниот секретар на НАТО побарал од Русија да престане да го поддржува сирискиот претседател, Башар ал-Асад и неговиот режим.

Од друга страна, Москва и понатаму ги отфрла обвинувањата од западните земји дека цел на руските напади се претежно позициите на опозициските милитанти кои се борат против режимот на Асад, инсистирајќи дека акциите на руската армија се насочени кон инфраструктурата на Исламска држава (ИД) и на „други милитантни групи“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...