fbpx

Иванов со сретна со владиниот тим за странски инвестиции

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, оствари средба со членовите на владиниот тим за странски инвестиции, со кои разговараше за идеи, мислења и за инцијативи за во рамките на неговите дипломатските активности да се засили економската агенда.

На средбата присуствуваа заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, министрите без ресор задолжени за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф, Горан Мицковски, Веле Самак и Фуркан Чако, како и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо.

Претседателот Иванов изразил подготвеност за поддршка и за помош на владиниот тим во насока на воспоставување контакти со одредени земји кои се потенцијални инвеститори во Република Македонија, обезбедување информации за пристап до меѓународните пазари и олеснување на извозно ориентираните компании во наоѓање странски деловни партери.

Иванов информирал дека ќе оствари слична средба и со претставниците на македонската бизнис-заедница, чии компании се извозно ориентирани, за да ги слушне и нивните потреби и интереси, по што кабинетот на претседателот ќе пристапи во реализација на договореното, со подготовка на посети на држави кои се одредени како приоритетни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...