fbpx

Царовска: Исклучувањето на Мултиетничкиот синдикат за образование е по налог на првиот човек на ССМ

-

„Последните настани на синдикалната сцена во Македонија дополнително го разнебитуваат синдикалното организирање. Тоа е на директна штета на работниците и на борбата за нивните работнички права. Ударот врз синдикалното движење, со исклучувањето на Мултиетничкиот синдикат за образование, доаѓа по налог на првиот човек на ССМ“, вели Мила Царовска, претседателка на комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

– Живко Митревски е добро познат на јавноста како човек кој власта во заминување го држи со неколку функционерски месечни приходи. Само за да ги аминува штетните закони со кои им се намалуваат правата на работниците и се влошува нивната положба. Овој синдикален лидер, срамно, со власта ја договори минималната плата која од 2016 година треба да достигне едвај 10.080 денари, со што ги остави работниците во сиромаштија. Овој синдикален лидер го аминуваше Законот за безбедност при работа со што работниците незаштитени работат на секакви временски услови – вели Царовска.

Според Царовска, Законот за работни односи со секоја негова измена и дополнување ги ограничува правата на работниците, а ги засилува правата на работодавците. Таа додаде дека синдикатот мора да се ослободи од политичко влијание на власта и да се обезбеди целосна независност на синдикалните движења.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УКИМ се држи „за влакно“ – останува на 1.990 место меѓу 2.000 најдобри универзитети во светот

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) останува на 1.990-то место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година, што денеска ја објави Центарот за...