fbpx

Земјите од ЕУ изгласаа распределба на 120.000 бегалци

-

Денеска европските министри за внатрешни работи и за правда донесоа одлука за распределба на 120.000 бегалци од Грција, Италија и од други земји-членки кои се директно погодени од бегалската криза, соопшти  Европската комисија.

„Во согласност со оваа одлука, ЕУ сега е во позиција во наредните две години да распредели вкупно 120.000 луѓе, кои имаат потреба од заштита. Комисијата и агенциите на ЕУ ќе се координираат заедно со државите-членки за да го спроведат договореното. Распределбата е дел од сеопфатен пристап за справување со бегалската криза“, пишува во соопштението на Комисијата.

Овој план на Европската комисија беше предложен пред три седмици, но досега немаше согласност за негова реализација.

Утре, среда, во Брисел се одржува вонреден самит посветен на бегалската криза. Шефовите на државите ќе се обидат да дадат одоговор на кој начин да се реши сириската криза која е корен на проблемот и како да ѝ се помогне на Турција која досега прими околу 2 милиони бегалци. Тема треба да биде заштитата на надворешните граници на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...