петок, 6 март, 2026
Meta.mk

Ознака: земји-членки | 27 резултати

Османи очекува финалниот текст на предлог-преговарачката рамка да биде прифатен до октомври

2 јули 2020

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Омсани очекува финалниот текст на предлог-преговарачката рамка за нашата земја да биде готов до октомври. Врз основа на оваа нацрт-верзија, земјите-членки ќе ги изнесат своите национални ставови и потоа рамката ќе се носи со консензус. – Потоа се очекува да биде закажана и заедничка меѓувладина седница. Добро е што ова […]

Европската комисија ја предаде предлог-преговарачката рамка за Македонија на земјите-члeнки

2 јули 2020

Европската комисија го усвои предлогот на Преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија и документот е испратен до земјите-членки. „Преговарачката рамка од страна на ЕК е конципирана врз основа на новата методологија за пристапниот процес. Основна цел на овие измени е пристапниот процес да биде поизвесен, поконкретен, поверодостоен, подинамичен, со засилено политичко управување, влијание од […]

ЕУ денеска ги отвори границите за 15 држави од светот, Македонија не е на списокот

1 јули 2020

Советот на ЕУ денеска ја усвои препораката за укинување на привремените ограничувања за патување во Европската Унија за граѓани од 15 држави од светот, каде здравствената состојба со корона вирусот се смета за доволно безбедна за тие слободно да можат да патуваат во државите на ЕУ. Притоа, се потенцира дека таа нема законски карактер и […]

Повеќе од половина земји-членки на НАТО го ратификуваа протоколот (инфографик)

10 јуни 2019

Повеќе од половина земји-членки на НАТО го ратификуваа протоколот за пристапување на Македонија кон Алијансата. Германија е најновата, 16-та земја, од вкупно 29 членки на Организацијата на северноатлантскиот договор, која го ратификуваше протоколот – анекс на оригиналниот Вашингтонски договор со кој во 1949 година е основан воениот сојуз. Протоколот за пристапување на Македонија на 6 […]

Полска ги крши европските стандарди за квалитет на воздухот, пресуди Судот на ЕУ

22 февруари 2018

Судот на Европската Унија пресуди дека Полска не ги исполнила барањата на европското законодавство за ограничување на загадувањето на воздухот. Според директивите на ЕУ од 2008 година, земјите-членки на Унијата мора да го намалат загадувањето на воздухот за да го заштитат здравјето на луѓето. Европската комисија (ЕК) во декември 2015 година ја даде Полска на […]

Билт: „Тешкашите“ од ЕУ треба да се вклучат во решавањето на спорот за името

5 февруари 2018

Во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција треба да се вклучат силните членки на Европската Унија, за да се избегне колапс на стратегијата на ЕУ за Балканот, смета ко-претседавачот на Европскиот совет за надворешни работи и поранешен шеф на шведската дипломатија, Карл Билт. „Мислам дека ќе треба силна посветеност на силните земји-членки […]

ЕУ ќе има повеќе од 27 членки, но не пред 2019 година, порача Јункер

13 септември 2017

До крајот на мандатот на сегашната Европска комисија нема да бидат исполнети условите за влез на некоја од земјите од Западен Балкан во Европската Унија, изјави денеска претседателот на Европската комисија, во годишното излагање за состојбата на Унијата во Европскиот парламент. – Условите за влез на некоја нова членка во ЕУ од Западен Балкан нема […]

Џафери денеска на средби со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и со новинари

12 мај 2017

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе се сретне со амбасадорите од земјите членки на Европската Унија во земјава, како и со претставници на медиумите. Во сала 5 во Собранието, Џафери во 11 часот ќе се сретне со амбасадорката на Австрија, Ренате Коблер, амбасадорот на Бугарија, Иван Петков, на Хрватска, Данијела Баришиќ, на Чешка, Мирослав […]

Eвропско СЈО ќе ги гони тие што крадат од ЕУ-фондовите

5 април 2017

Советот на Европската Унија соопшти дека 16 земји членки на ЕУ испратиле известување до европските институции дека ќе поведат постапка, со т.н. „засилена соработка“, за основање на канцеларија на европски јавен обвинител, пренесува хрватскиот весник „Нови лист“. Според соопштението на Европскиот совет, канцеларијата на европскиот јавен обвинител ќе биде надлежна за водење истраги, кривичен прогон […]

Роамингот во ЕУ се укинува, цените на разговорите и на интернетот драстично паѓаат

1 февруари 2017

Владите и институциите на земјите членки на Европската Унија потпишаа договор за техничките услови за намалувањето на давачките за роаминг на телекомуникациските оператори. Станува збор за средства што државите ги плаќаат едни на други за користење на мобилни услуги. Реформите во цените би значеле граѓаните на Европа да зборуваат без да плаќаат роаминг, а се […]

Донесувањето закони не е доволно, треба да се спроведат во практика, порача Хан за Албанија

25 јануари 2017

Еврокомесарот Јоханес Хан изјавил дека во Албанија не е доволно само да се донесуваат закони, туку преку конкретни дела да се покаже дека се спроведуваат реформите во правосудството, јавува дописничката на „Мета“ од Албанија. Хан, исто така, посочил дека политичарите и функционерите треба да бидат казнети ако се вмешани во корупција. Еврокомесарот истакнал дека потребно е да се провери […]

Туск: Со национализамот и со популизамот во земјите членки, ЕУ нема да преживее

9 декември 2016

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги предупреди не само Полска туку и другите земји членки на Европската Унија дека демократијата е кревка работа и да не се играат со огнот на национализмот, авторитарноста и на популизмот, бидејќи со тоа ќе ја скршат ЕУ, јавуваат светските агенции. „Без добрата волја и недвосмислената солидарност на Полска, […]

Отворено седиштето на Балканските медицински наменски сили во Скопје

5 октомври 2016

Министрите за одбрана на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Словенија денеска се состанаа во Скопје по повод свеченото отворање на седиштето на Балканските медицински наменски сили во касарната „Илинден“. Станува збор за регионална организација, составена од шесте балкански земји, а поддржана од Норвешка и од Соединетите Американски Држави. Целта на […]

Чавков во Братислава: Потребна е засилена европска солидарност за бегалската криза

7 јули 2016

Мигрантската и бегалската криза биле во фокусот на неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на Европската Унија и на земјите кандидати за членство во Унијата, што денеска се одржа во Братислава, Словачка, а на кој учествуваше и министерот за внатрешни работи на Македонија, Митко Чавков. Чавков, по состанокот, […]

Лагард: Земјите членки на ЕУ подобро да комуницираат во интерес на економијата

3 јули 2016

Од суштинско значење за економијата е земјите членки на Европската Унија прашањето со Брексит да го решат со крената глава, изјави првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард. Taa даде забелешка за недостигот од комуникација во EУ и за префрлувањето на одговорноста од едни на други. Според неа, треба да се согледа економската реалност и да […]

Могерини: На ЕУ ѝ е потребна нова стратегија

26 јуни 2016

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, денеска на земјите членки на Унијата им ја испратила новата глобална стратегија на ЕУ за надворешна политика и за безбедност. Таа формално ќе ја претстави стратегијата на самитот на ЕУ, кој ќе се одржи оваа недела во Брисел. Стратегијата, подготвена и елаборирана […]

Министрите на ЕУ ја повикаа Британија што е можно поскоро да излезе од Унијата

25 јуни 2016

Шефовите на дипломатиите на шесте земји членки основачи на Европската Унија денеска по состанокот во Берлин со заедничка изјава порачаа дека очекуваат од владата на Велика Британија што е можно поскоро да се изјасни и да ја спроведе одлуката од референдумот за излез од ЕУ. „Одредбите од Лисабонскиот договор (членот 50) предвидуваат одредена постапка во процесот […]

Штајнмаер: ЕУ не смее да падне во депресија по Брексит

25 јуни 2016

Европската Унија не смее да падне во депресија и да биде парализирана по одлуката на Велика Британија за излегување од Унијата, изјавил германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, по пристигнувањето на итниот состанок на шесте земји членки, основачи на ЕУ, во Берлин. Тие на состанокот треба да разговараат за забрзувањето на претстојниот процес за […]

Аврамопулос: ЕК е подготвена за санкции кон земјите што одбиваат да прифатат бегалци

23 јуни 2016

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, денеска изјавил дека Европската комисија е подготвена да воведе санкции за земјите членки на Европска Унија кои одбиваат да прифатат бегалци, во согласност со договорениот план за прераспределба, јавуваат светските агенции. Аврамопулос, на бизнис-конференција во Атина, ги критикувал „популистичките и националистичките лидери“ на европските земји, кои изјавуваат дека нема да […]

Спасовски: Членките на ЕУ да дадат прецизни насоки за да се избегнат тензии на границите

29 февруари 2016

Република Македонија очекува од земјите-членки на Европската Унија да дадат јасни и прецизни насоки во врска со бројот на мигранти што се спремни да ги прифатат, што ќе доведе од намалување на тензиите на граничните премини. Ова го истакнал министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната средба во Скопје со делегацијата на Комитетот за […]

Страна 1 од 2