fbpx

Од октомври реконструкција на Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид

-

Кон средина на октомври, ќе почнат градежните работи за реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и за трауматологија „Свети Еразмо“, која треба да заврши во рок од 18 месеци или до април 2017 година. Тендерот за градежните работи е веќе објавен, информираат од Министерството за здравство.

Станува збор за вкупна инвестиција вредна 215 милиони денари. Проектот опфаќа реновирање и адаптација на постојниот објект на Специјалната болница за ортопедија и за трауматологија „Св. Еразмо – Охрид“, а вклучувајќи ги и потребите на Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.

Комплетната реконструкција ќе опфати површина од 5.623 квадратни метри, кои ја даваат функционалната целина на објектот (2.191 квадратен метар на приземјето, 2.061 квадратен метар на прв кат, 1.370 квадратни метри на втор кат).

Првата фаза од проектот опфаќа доградба на централната, стара болничка зграда и на карабината. Предвидено е да се реновираат и да се реорганизираат амбулантите, лабораторијата, стерилизацијата и другите дијагностичките содржини. Ќе бидат комплетно реновирани операциските сали со интензивната нега, како и болничките оддели со оформување тоалети во секоја соба. Исто така, со доградбата на централната болничка зграда, предвидено е во карабината да се имплементираат содржините што се потребни на Заводот за кардиоваскуларни заболувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Регионална депонија во Свети Николе: Зошто да биде европска кога може да е дива

Шеснаесет нестандардни општински и десетици диви депонии, полни со секаков отпад, без никаква ограда или заштита, расфрлани речиси до секое населено место, во реките, покрај нивите и патиштата или...