fbpx

Во Либија спасени 120 бегалци

-

Либиската крајбрежна стража соопшти дека спасила повеќе од 100 бегалци кои се наоѓале во гумен чамец, на кој му се расипал моторот.

Директорот на крајбрежната стража, Мухамед Данди, изјави дека на 60 километри источно од Триполи биле спасени 121 бегалец.

Тој додал дека бегалците биле од арапските и од африканските земји, а дека меѓу нив имало и 10 жени. Тие се префрлени во прифатен центар во Триполи.

Во четвртокот крајбрежната служба спасила 104 бегалци во истата област.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...