fbpx

Опожарени три возила во населбата Ѓорче Петров

-

Утрово, околу 5.15 часот, во полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека на улицата Апостол Петков, од засега непознати причини биле опожарени три автомобили.

Како што информираат од полицијата, две од возилата, марка „фолксваген пасат“ се сопственост на Ф.Т., додека на другото, марка „кадилак“, сопственик е Е.М.

Пожарот го изгаснала екипа на противпожарната бригада, а екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје извршила увид на местото и како што информираат оттаму работи на откривање на причините за пожарот и расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре се прегласува на седум избирачки места

По парламентарните избори на 8 мај, утре се спроведува прегласување на седум избирачки места во рамките на петтата и на шестата изборна единица. Се прегласува на избирачките места во...