fbpx

Ибраимоски: Казна од 1.000 евра за оние кои нема да гласаат на избори

-

Лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимоски, смета дека ако се воведе казна за секој оној што е внесен во Избирачкиот список, а нема да излезе да гласа, нема да има можност за манипулации со гласовите на оние кои не излегле на избори, пишува „Фокус“.  Неговата партија предлага казната да биде во висина од 1.000 евра.

-Ова го предлагаме од причини што ако секој излезе нема да има манипулации со тие што не излегле, и тогаш ќе се добие вистинската слика на гласачи и реалниот победник на избори – вели Ибраимоски.

Освен ова, од партијата предлагаат и Македонија да стане една изборна единица, со што би им се дала подеднаква шанса на помалите политички партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Мал одѕив на претседателските избори во општините со мнозинство албански гласачи

Големи разлики се гледаат во одѕивот на граѓаните во некои општини на парламентарните и претседателските избори денеска. Во Изборната едница 6, но и во другите општини каде што доминира...