fbpx

ЕУ ќе и даде на Србија 3.2 милиони евра за прифаќање на мигрантите

-

Европската унија во следните шест месеци до една година ќе и помогне на Србија околу прифаќањето на мигрантите, за што ќе одвои 3.2 милиони евра. Ова денеска го изјави заменик шефот на делегацијата на ЕУ во Белград, Оскар Бенедикт.

– ЕУ уште денеска во Брисел го направи првиот чекор, издвојувајќи 150.000 евра за набавка на храна и хигиенски средства во прифатниот центар, во кој можат да се сместат околу 70.000 мигранти кои се очекуваат да пристигнат во следните три месеци, истакна Бенедикт по посетата на Прифатниот центар за мигранти во Прешево.

Според него, ЕУ заедно со Меѓународната организација за мигранти и УНХЦР подготвуваат и проект вреден осум милиони евра, кој ќе биде наменет за Србија и Македонија во врска со мигрантите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...