fbpx

Се подготвува нов закон за енергетика

-

Проектот ИПА со вкупен буџет од 1,6 милион евра, финансиран од Европската унија, за зајакнување на административниот капацитет на секторот за енергетика во Министерството за економија и во Агенцијата за енергетика, по двегодишна имплементација заврши.

– Овој ИПА-проект ѝ помогна на земјата да ја подготви новата законска рамка, во согласност со правилата на енергетскиот пазар на ЕУ, како и да ги зајакне капацитетите за имплементација на правилата. Новиот закон за енергетика има цел да го транспонира европското законодавство за гас и за електрична енергија, а пазарот на енергија да биде целосно ефективен и во согласност со европскиот. Ова ќе ви помогне да ги задржи цените на најниско можно ниво, да се зголемат стандардите на услугите и да се осигури безбедноста во снабдувањето. Воедно, развиени се повеќе стратегиски документи, вклучувајќи и функционална анализа на институциите кои се вклучени во овој сектор, а сите овие активности се направени во тесна координација со енергетската заедница – изјави претставникот од ЕК, Мартин Клауке.

Министерот за економија, Беќим Незири, вели дека измените се во насока на усогласување на домашното со европското законодавство.

– Во оваа фаза е направена подготвителна верзија. Таа треба да биде хармонизрана со сите закони на ЕУ. Треба да биде испратена една копија во Европската енергетска заедница, која е дел на ЕУ. Законот ќе оди на јавно мислење и сè додека не ги хармонизраме сите делови, не би сакал да зборувам за деталите од измените, така што ќе почекам да се хармонизира со Европската енергетска заедница, а потоа ќе оди на јавно мислење – рече Незири.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...