fbpx

Намалени трошоците за живот во јули во споредба со јуни

-

Според податоците на Државниот завод за статистика, намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,7 проценти во јули 2015 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежиот зеленчук за 18,9 проценти, свежото овошје за 2,7 проценти, јајцата за 1,7 отсто, сувомесните производи за 0,8 отсто и друго.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај болничките услуги за 5,8 проценти, средствата за чистење и за одржување на станот за 2,2 проценти, обувките за 1,3 отсто, големите електрични апарати за 1 процент, електричната енергија за домаќинствата и течните горива и мазива за 0,4 отсто.

Пораст на индексот на трошоците за животот во јули 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај тутунот за 5 проценти, сувото овошје за 1,4 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,1 отсто.

Во јули пораст на индексите на трошоците за живот е забележан и кај услугите за сместување за 13,2 проценти, лековите за 3,5 проценти, информатичката опрема за 3,1 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 2,6 проценти, гасот за домаќинствата за 1,3 отсто, облеката, мебелот и текстилот за домаќинствата за 0,3 отсто.

Индексот на трошоците за живот во јули 2015 година, во споредба со јули 2014 година, бележи намалување за 0,4 отсто, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1,4 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...