fbpx

Ќе се нормализира водоснабдувањето на Пелагонија

-

Изградбата на алтернативниот канал на хидросистемот „Стрежево“ се покажа како успешно решение за надминување на големиот проблем што ова лето ги остави и Битола и пелагониските ниви без вода, а проблем се јави и со доводот на технолошка вода до РЕК-Битола.

Бај-пас на каналот, сега се очекува да ги задоволи потребите за водоснабдување на Пелагонија, изјави Марјан Ѓероски, директор на ЈП „Стрежево“.

– По шест дена активна работа на луѓето од РЕК-Битола, ФОД и ЈП „Стрежево“, успеавме да го направимне овој бај-пас. Од денеска имаме вода во каналот од три кубни метри во секунда, од недела протекот ќе се зголеми на шест кубни метри во секунда, а потоа ќе се зголеми протекот на вода и на седум кубни метри во секунда. Имајќи предвид дека тоа количество вода наеднаш не може да ги нахрани сите култури во Пелагонија, заедно со Министерството за земјоделство ќе анализраме и ќе се обидеме да пуштиме вода таму и на тие култури каде што во моментот е најпотребна – изјави Ѓероски.

Главниот канал од кој Битола се снабдува со вода за пиење, Пелагонија со вода за наводнување, а РЕК со технолошка вода, се сруши минатиот месец, откако повторно се активираше свлчиштето што се појави за време на поплавите во февруари. Најголеми штети од оваа хаварија на хидросистемот „Стрежево“ претрпеа пелагониските земјоделци, кои обвинуваа дека родот им е уништен дури до 70 проценти. Неколку дена без вода остана и Битола, при што најтешко поминаа битолчани кои се жители на периферните населби.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...