fbpx

Северна Кореја воведува своја временска зона

-

Северна Кореја ќе премине во нова временска зона, а во рамките на одбележувањето на нејзиното ослободување од јапонската окупација и на крајот на Втората светска војна, соопштија државните медиуми во земјата.

Северна Кореја во моментов е во иста временска зона со Јужна Кореја и со Јапонија, кои се девет часа пред Гринич.
Пјонгјанг, според најавите, ќе ги врати часовниците за 30 минути наназад, на 15 август.

Државната новинска агенција КЦНА, пренела дека „злите јапонски империјалисти“ ја „лишиле Кореја дури и од своето стандардно време“, менувајќи ги часовниците за време на окупацијата.

Целиот корејски полуостров, тогаш една држава, бил 8,5 часа пред Гринич, сè до јапонската колонизација во 1910 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...