fbpx

Заев замина на одмор, Груевски се врати

-

Политичките лидери и високите функционери во партиите се изморија од долгите преговори.

Како што дознава „Мета“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, моментално е на годишен одмор, а наредните денови ќе одмараат и заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, и портпаролот Петре Шилегов.

Како што информираат од СДСМ, тие „нема да користат класичен годишен одмор, туку ќе спојат неколку дена со викенд“.

Премиерот Никола Груевски, пак, од денеска и официјално е во Македонија и присуствуваше на презентација на договор за реализација на инвестиција на компанијата „Кранфилд фаундри“.

Откако во јавноста се појави фотографија дека е на годишен одмор во Израел, а тоа го потврди и неговиот кабинет со информацијата објавена на 20 јули, тој првпат денеска е виден во Македонија. Од неговиот кабинет тогаш известија дека тој заедно со своето семејство е на неколкудневен годишен одмор во Израел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...