fbpx

Вечерва на „Охридско лето“, фестивалска премиера „Антоние и Клеопатра“

-

Вечерва на фестивалот „Охридско лето“, на отворената надезерска сцена – Долни Сарај, од 21 часот, публиката ќе биде во можност да ја проследи фестивалската премиера на Шекспировата пиеса „Антоние и Клеопатра“.

Претставата ја режира гостинот од САД, Џон Блондел, звучно име на светската театарска сцена, докторант по театарска уметност на калифорнискиот универзитет во Санта Барабара.

Џон Блондел е основач и уметнички директор на театарската компанија „Лит мун“, директор на светските театарски фестивали „Лит мун“, но и раководител на катедра и професор по театарски уметности на Колеџот „Вестмонд“ во Санта Барбара, Калифорнија. Режирал повеќе од 60 изведби и продуцирал уште 60 за разни интернационални фестивали на „Лит мун“. Режисерските достигнувања вклучуваат бројни претстави видени насекаде низ светот.

Неговата поставка „Пиратите од Пензанса“ во 2013 година освои три национални награди. Во 2009 година, весникот „Индипендент“ од Санта Барбара го именува Блондел за локален херој за неговата неуморна посветеност кон меѓународната театарска заедница. Во 2014 година, Блондел беше прогласен за наставник на годината на одделението за општествени науки во Вестмонт.

Историската трагедија „Антоние и Клеопатра“, Шекспир ја напишал во 1606 година, како последна драма од восхитувачкиот квартет од трагедии, на која ѝ претходат „Отело“, „Кралот Лир“ и „Макбет“.

„Антоние и Клеопатра“ се смета за една од најтешките драми на Шекспир, врв на неговото возвишено уметничко достигнување.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...