fbpx

Сè уште беснеат пожари на Корчула и на Пељешац

-

Стотици пожарникари и припадници на хрватската војска цела ноќ на Корчула и на Пељешац се бореа со пламената стихија, меѓутоа пожарите се сè уште активни на повеќе локации, јавуваат хрватските медиуми.

Огнот сè уште гори во Пониква, на непристапен терен во ридовите, а отворен пламен има и на Корчула. Локалното население очекува брзо пристигнување на авионите „канадери“, дознава порталот „Индех.хр“ од жупанискиот центар 112.

Во местото Пијавичино, во кое во текот на вчерашниот ден огнот опасно се приближи до куќите, утринава веќе нема отворен пламен.

Откако вчера огнот ги  проголта далекуводите на повеќе локации, без струја се делови од Трстеник и од Пијавичино.

Според информациите на Државната управа за заштита и спасување, со огнената стихија на Пељешац и на Корчула се борат околу 150 пожарникари, припадници на сите пожарникарски станици од подрачјата на Дубровничко-неретванската жупанија, од Сплит, Шибеник и од Задар, со помош на 50 припадници на Хрватската копнена војска на Вооружените сили на Република Хрватска.

Површината на двата пожара надминува 500 хектари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...