fbpx

СДСМ: До вечер да се утврди термин за лидерска средба

-

Никола Груевски не е во позиција да ја диктира динамиката на одржување на лидерските средби. Тој е само една од страните во преговарачкиот процес, реагираат од СДСМ по изјавата на премиерот дека не се создадени услови за лидерска средба.

„Очигледна е намерата на Груевски да го одолговлекува процесот, со што им нанесува штета на граѓаните и на Република Македонија. Доколку до крајот на денов не биде утврден термин за лидерска средба, СДСМ утре ќе го соопшти ставот за понатамошниот тек на преговорите“, соопштија од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК проверува пријавени нерегуларности на изборниот ден во Липково

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница, проверуваат дали бројот на избирачки ливчиња од избирачкото место 1112 во Липково, соодвествува со бројот на гласачи од ова место...