Никола Груевски не е во позиција да ја диктира динамиката на одржување на лидерските средби. Тој е само една од страните во преговарачкиот процес, реагираат од СДСМ по изјавата на премиерот дека не се создадени услови за лидерска средба.
„Очигледна е намерата на Груевски да го одолговлекува процесот, со што им нанесува штета на граѓаните и на Република Македонија. Доколку до крајот на денов не биде утврден термин за лидерска средба, СДСМ утре ќе го соопшти ставот за понатамошниот тек на преговорите“, соопштија од партијата.