fbpx

За време на викендот, азил побарале 1.209 мигранти

-

Во текот на викендот, врз основа на измените и на дополнувањето на Законот за азил, Министерството за внатрешни работи издаде 1.209 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странски државјани кои илегално влегле на нашата територија.

Во периодот од 19 јуни до 6 јули 2015 година во 8 часот, соопшти денеска МВР, издадени се потврди на вкупно 8.595 странски државјани, од кои 6.688 се од машки пол, 1.081 се од женски, 790 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 36 деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија и тоа 5.911, потоа на Авганистан 743, од Ирак 485, Пакистан 366, од Сомалија 268, Конго 238, од Палестина се 221, додека останатите се во помал број.

До Одделението за азил, соопшти МВР, се поднесени 13 барања од сириски државјани за азил, од кои четири за деца.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...