fbpx

Унгарската полиција со солзавец спречи тепачка на имигранти

-

За да прекине тепачка во камп за имигранти, унгарската полиција употребила солзавец. Настанот се случил во предградието на Дебрецин, на истокот на земјата.

Нередите во кампот избиле на верска основа, кога еден од имигрантите го одзел Куранот од друг имигрант, во кој, според очевидци, имало скриено 200 евра, го фрлил на земја и почнал да го гази. Еден полицаец е повреден во спречувањето на инциндентот.

Во тепачката се приклучиле повеќе од стотина имигранти, кои биле сместени во истиот камп, а нередите се прошириле и на соседната улица каде имигрантите почнале да палат канти и да оштетуваат автомобили.

При реакцијата на полицијата да ги врати назад во кампот и да ги раздвои учесниците во тепачката биле употребени солзавци. При тоа, еден полицаец е повреден со камен.

Ова е втор инцидент во кампови за имигранти во Унгарија. Претходно, во камп во Сегедин, исто така, имало мал инцидент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска со двојна предност пред Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност пред СДСМ

Од обработените 50 отсто од резултатите на вториот круг претседателски избори и од парламентарните избори, може да се заклучи дека досегашната владејачка СДСМ доживува катастрофален пораз. Кандидатката за претседател поддржана...