fbpx

Унгарија одлучи, ќе подигне ѕид за мигрантите

-

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави денеска дека владата во Будимпешта одлучила што е можно поскоро да подигне привремен ѕид на границата со Србија  за да го спречи влезот на мигрантите.

Сијарто изјави дека е потребно да се сменат неколку закони пред почетокот на изградбата, иако не прецизираше кога ќе почнат со работа.

Тој изјави дека ѕидот не е билатерално прашање со Србија, со која, како што истакна, „односите никогаш не им биле подобри“ и додаде дека во Унгарија годинава влегле 61.000 мигранти, речиси сите преку Србија.

Најголем дел од нив кои побарале статус на бегалци во Унгарија, набргу се упатиле кон западноевропските држави.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатата недела ја најави оваа одлука.

– Не е во ред да ни испраќаат бегалци, тие морат да бидат сопрени на територијата на Србија. Ако треба и физички ќе ја затвориме границата – изјави Орбан.

За овие прашања ќе биде разговарано на заедничката седница на владите на Србија и на Унгарија, на 1 јули во Будимпешта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...