fbpx

Исламисти ја нападнаа воената база во Могадишу

-

Екстремистичката група Ал шабаб го нападна центарот за обука на воените разузнавачи во Могадишу. Безбедносните сили тврдат дека во текот на нападот убиени се четворица исламисти, а групата поврзана со Ал каеда тврди дека убила повеќе од 10 разузнавачи.

Исламистите пред нападот на зградата на Националната разузнавачка и безбедносна агенција, активирале експлозив поставен во автомобил, по што следувале интензивни пукања од огнено оружје.

– Го запревме нападот и овде има четири тела на луѓе кои припаѓаат на Ал шабаб, а двајца погинаа во експлодираниот автомобил. На наша страна нема жртви – изјавил претставник на министерството за внатрешна безбедност, Мухамед Јусуф.

Портпаролот за воени операции на Ал шабаб, шеик Абдијазис Абу Мусаб, рекол дека погинале тројца исламисти кои се жртвувале во операцијата, но дека исламистичката група успеала да убие повеќе од 10 разузнавачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...