fbpx

Харадинај пуштен од притвор, но останува во Словенија

-

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, кој вчера беше уапсен на љубљанскиот аеродром, е пуштен од притвор по сослушвањето пред истражен судија во Крањ, пренесуваат медиумите.

Сепак, Харадинај, мора да остане во Словенија додека не се разјасни дали меѓународната потерница по него сè уште е активна или не, изјавил државниот обвинител, Маринка Јерај.

Меѓународната потерница по него е распишана од српските власти во 2006 година.

Хашкиот суд го ослободи Харадинај од одговорност по обвиненијата за воени злосторства над албански, српски и над ромски цивили во логорот на ОВК на Јабланица во 1998 година.

Конечната ослободителна пресуда е донесена во ноември 2012 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...