fbpx

Бесими во дводневна посета на Брисел

-

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, за време на дводневната посета на Брисел, која почнува денеска, ќе оствари повеќе билатерални средби со претставници на Европската комисија.

Како што се наведува од кабинетот на министерот, тема на средбите ќе бидат евроинтеграциите на Македонија и актуелната ситуација во земјава.

На агендата на Бесими се наоѓаат одвоени средби со комесарот за европска соседска политика и за преговори за проширување, Јоханес Хан, генералниот директор на Директоратот за проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон, директорот за Западен Балкан во Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување, Жан Ерик Паке, како и со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...