fbpx

Нападнат судија за време на кошаркарски натпревар во Кавадарци

-

Вчерашниот натпревар меѓу младинските екипи на кошаркарските клубови „Фени индустри“ и „Шкупи“, во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, бил прекинат од делегатот на мечот, откако играчите и помошниот тренер на гостинскиот тим физички нападнале еден од судиите.

Како што информираат од полицијата, инцидентот се случил во текот на првото продолжение, по регуларниот тек од натпреварот, кога по досудена техничка грешка и отстранувањето од игра на еден од играчите на „Шкупи“, неговите колеги од тимот и помошниот тренер влегле на теренот и го нападнале вториот судија.

По барање на делегатот, интервенирала и полицијата која ги испратила судиите до соблекувалната.

До соблекувалната биле упатени и сите членови на тимот на „Шкупи“, кои со придружба потоа биле испратени за Скопје.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на инцидентот и за идентификување на учесниците, против кои ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...