fbpx

Ќе се подобрува безбедноста на 11 патишта низ земјава

-

Скопски „Гранит“ е избран за изведувач на проектот за подобрување на безбедноста на 11 патишта низ земјава. За да се намали бројката на сообраќајни несреќи на црните точки, во наредните 90 дена ќе се работи на поставување нови сообраќајни знаци, банкини и друга опрема за зголемување на безбедноста, на обележување на патот, на изведба на потпорни ѕидови и на заштита на нестабилните косини на овие патишта.

Со проектот ќе се подобрува безбедноста во сообраќајот на црните точки што се лоцирани на државен пат Битола – Ресен – Охрид, на делниците Битола – Макази и Ресен – Буково, како и на регионалните патишта Ново Село – Маврови Анови, Брвеница – Чегране, Нов Дојран – Николиќ, Мокрино – Смолари, Кривогаштани – Обршани – Воѓани, Лажани – Ропотово – Црнилиште, Мелнички Мост – Центар Жупа, Делчево – Голак и Бошков Мост – Дебар.

За реализација на проектот се одвоени средства во висина од околу 1,5 милиони евра преку заемот којшто за оваа намена е подигнат од Светската банка, се наведува во договорот објавен на веб – страницата на Јавното претпријатие за државни патишта.

Според последните податоци објавени во 2010 година, на македонските патишта се регистрирани вкупно 169 црни точки. Со најновиот склучен договор, бројката на патишта на кои годинава ќе се подобрува безбедноста во сообраќајот се искачи на 19, откако пролетва започна санацијата на 8 црни точки на македонските патишта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...