вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: сообраќајни несреќи | 23 резултати

На патиштата 505 несреќи се случиле за помалку од 3 години заради животни, експертите бараат мерки

октомври 9, 2021

Несреќата со мечката што пред неколку дена загина на автопатот Скопје – Тетово повторно го актуализира прашањето колку се небезбедни јавните патишта за животните и за возачите. Земајќи предвид дека во период од 2019, 2020 и 2021 според информациите на МВР се случиле 505 сообраќајни несреќи кои биле предизвикани од животни, експертите препорачуваат изградба на […]

МВР: Во јануари за 56 отсто намален бројот на загинати лица во сообраќајки

февруари 4, 2021

Засилените контроли и акции на Министерството за внатрешни работи за подобрување на безбедноста во сообраќајот, а пред сѐ, со цел за намалување на бројот на сообраќајни незгоди, покажуваат резултати. „Граѓаните се подисциплинирани во почитувањето на сообраќајните правила и прописи, што резултира со намалување на бројот на сообраќајните незгоди, особено оние со потешки последици. Во јануари […]

Новогодишната ноќ помина мирно, граѓаните ги почитувале мерките за заштита од ковид-19

јануари 1, 2021

Дочекот на 2021 година во земјава поминал мирно, покажуваат извештаите на здравствените власти и на МВР. Во Ургентниот хируршки центар за време на новогодишната ноќ извршени се десетина прегледи и приеми, споредбено со 30, 40 колку што имало во изминатите години, информираат од Министерството за здравство. Десетина прегледи и приеми се изведени и на Клиниката […]

Увозот на половни возила не запира: ООН потврдува дека се значаен извор на аерозагадување [инфографик]

октомври 27, 2020

Првиот глобален Извештај за влијанието на половните возила врз животната средина „Половни возила и животната средина“ на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) дава загрижувачки податоци за извозот на автомобилскиот крш во неразвиените земји и земјите во развој, меѓу кои е и Северна Македонија. Дури 14 милиони половни возила биле извезени низ светот […]

Расте бројот на автобуски несреќи во кои има повредени и загинати лица во земјава (инфографик)

септември 11, 2020

Во изминативе две и пол децении, бројот на сообраќајни несреќи со повредени и загинати лица во кои учествувале автобуси е во континуиран раст. Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат алармантни податоци за последниве шест-седум години, при што бројот на полесно и потешко повредени патници и возачи на автобус е за неколку пати зголемен […]

Ќе се подобрува безбедноста на 11 патишта низ земјава

септември 13, 2019

Скопски „Гранит“ е избран за изведувач на проектот за подобрување на безбедноста на 11 патишта низ земјава. За да се намали бројката на сообраќајни несреќи на црните точки, во наредните 90 дена ќе се работи на поставување нови сообраќајни знаци, банкини и друга опрема за зголемување на безбедноста, на обележување на патот, на изведба на […]

Три пати зголемен бројот на сообраќајки со возачи под дејство на алкохол (инфографик)

август 6, 2019

Бројката на возачи што учествувале во сообраќајки под дејство на алкохол нагло растел во последните пет години, покажуваат статистиките на Министерството за внатрешни работи. Од 2014 до 2018, бројката на сообраќајни несреќи во земјава во кои учествувале возачи што управувале возила под дејство на алкохол, пораснал за отприлика 4,3 пати. Така, ако во 2014 година […]

На автопатите има повеќе возила, а три пати помалку сообраќајки од обичните патишта (инфографик)

јуни 6, 2019

На македонските автопати се случиле за три пати помалку сообраќајни несреќи во споредба со обичните патишта. Според податоците на Државниот завод за статистика, во последните 5 години на автопатите имало во просек по 320 незгоди годишно. Наспроти нив, на патните правци што не се изградени на ниво на автопат во периодот 2014 – 2018 година […]

На 8 црни точки на патиштата ќе се работи на подобрување на безбедноста (инфографик)

мај 22, 2019

Јавното претпријатие за државни патишта ќе инвестира во подобрување на безбедноста во сообраќајот на 8 црни точки на македонските патишта. За да се намали ризикот од сообраќајни незгоди, на овие локации ќе се изведе нов асфалтен слој, ќе се работи на дренажата на патот, ќе се постават нови сообраќајни знаци, банкини и друга опрема, а […]

Пожарникарите – доброволци од Свети Николе добија возило и опрема

мај 3, 2019

Свети Николе е еден од ретките градови во Македонија каде работат две противпожарни единици. Покрај професионалната, Територијалната противпожарна единица, активно е и доброволното противпожарно друштво ДПД – Свети Николе, кое активно учествува во сите активности заедно со професионалците. Деновиве во една од гаражите на друштото, пожарникарите Дарко Петрушев и Кристијан Атанасов довезоа од Велика Британија […]

Расте бројот на инциденти во автобусите на ЈСП – Скопје (инфографик)

април 2, 2019

Вандалското однесување на дел од патниците довело до зголемување на бројот на инциденти во автобусите на ЈСП – Скопје во 2018 година. Според Годишниот извештај за работењето на ЈСП – Скопје, лани биле регистрирани вкупно 189 инциденти. Оштетувањето на возниот парк бележи најголем раст, па така, биле регистрирани дури 141 вакви случаи. На тој начин, […]

Дрезина пред секој воз: МЖ со нови мерки за безбедност на критичните места (инфографик)

февруари 26, 2019

Македонски железници – Инфраструктура презема превентивни мерки за обезбедување максимална безбедност на патниците што патуваат со воз. По двете железнички несреќи што се случија на почетокот од годинава, вработените од железницата вршат континуирана визуелна контрола на косините долж пругите, при што сомнителните карпи се отстрануваат за да не дојде до сличен инцидент во иднина. Дополнително, […]

Македонија се оддалечува од просекот на ЕУ по бројот на загинати во сообраќајки

мај 31, 2018

Наместо да се приближиме до просекот на Европската Унија по бројот на загинати во сообраќајни несреќи, како што е предвидено со Националната стратегија, ние се оддалечуваме, покажува најновата анализа на „ДАТА“. Според анализата, во 2005 година, како што се гледа од визуелизацијата подолу, Македонија била далеку подобра од просекот во ЕУ. Тогаш бројот на загинати […]

За осум месеци во сообраќајки во Македонија загинале повеќе од 90 луѓе

септември 8, 2017

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на почетокот на продолжениот празничен викенд апелираше до сите учесници во сообраќајот  да бидат внимателни и одговорни, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, да внимават на правилата за ограничување на брзината, да не престигнуваат неправилно и да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол. „Карактеристични за […]

Кучиња скитници и необезбеден коловоз, причина за сообраќајќи на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје

февруари 20, 2017

Кучиња скитници изминативе два дена предизвикаа две сообраќајки на автопатот Гостивар – Тетово – Скопје. Утринава околу 6 часот, кај Карпалак, поради необезбедениот автопат, патничко возило со гостиварски таблички, што го управувала 34-годишна гостиварка, удрило во куче скитник, кое се движело по коловозот. Од ударот, во возилото немало повредени лица, а причинета е материјална штета која […]

Спасов, Стамов, Јовановиќ, Урко, Зекиров – сообраќајките и бегањето како неславна навика

ноември 1, 2016

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, не е единствениот функционер од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ што учествувал во сообраќајна несреќа и побегнал од местото на настанот. Претходно, вакво поведение манифестираа двајца градоначалници на владејачката партија, кои, како и Спасов, побегнаа, еден од местото, а друг од одговорноста за сообраќајните несреќи во кои учествуваа, […]

Петнаесетина сообраќајни несреќи за викендот во Полошко

октомври 10, 2016

Тринаесетгодишен велосипедист од гостиварско Чегране во сообраќајна несреќа добил тешки телесни повреди. Сообраќајката се случила синоќа околу 20 часот, на крстосницата на локалните патишта за Чегране и за Форино. Според СВР Тетово, велосипедистот се судрил со автомобил „нисан“ со гостиварски таблички, управуван од 54-годишник од село Форино. Од удирањето малолетникот добил фрактура на левата подлактица […]

Црна традиција: И Урко на Груевски и Зекиров на Мијалков прегазија по еден човечки живот

август 4, 2016

На Дејан Митровски – Урко и на Ален Зекиров, освен што им беа лични телохранители на поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на неговиот братучед и поранешен шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, заедничко им е и тоа што двајцата се инволвирани во сообраќајни несреќи со смртни последици. Денеска, МВР до […]

Промовирана новата национална стратегија за безбедност во сообраќајот

јуни 25, 2015

Во првите шест месеци од 2015 година, во сообраќајни несреќи загинале 52 лица, што е за 19 помалку во однос на истиот период лани кога таа бројка изнесувала 71 лице. Бројот на повредени лица, заклучно со мај годинава, изнесува 2093, а таа бројка во истиот период лани изнесувала 2687 лица. Овие статистички податоци ги изнесе […]

Страна 1 од 1