fbpx

На 8 црни точки на патиштата ќе се работи на подобрување на безбедноста (инфографик)

-

Јавното претпријатие за државни патишта ќе инвестира во подобрување на безбедноста во сообраќајот на 8 црни точки на македонските патишта. За да се намали ризикот од сообраќајни незгоди, на овие локации ќе се изведе нов асфалтен слој, ќе се работи на дренажата на патот, ќе се постават нови сообраќајни знаци, банкини и друга опрема, а ќе се изврши и соодветно хоризонтално обележување на самиот пат.

Станува збор за патните правци Охрид – Свети Наум, Струга – Дебар, Барбарос – Македонски Брод – Кичево, Велес – Петровец, Струмица – граница со Бугарија, Куманово – Ругинце, Жировница – Дебар – граница со Албанија и Прилеп – Крушево – Сладуево.

Изведбата на проектот ќе ја врши скопската подружница на косовската компанија „Ескаватори“. Севкупните работи ќе чинат 39,6 милиони денари и ќе се реализираат во период од 120 дена, се наведува во договорот што е објавен на веб – страницата на ЈП за државни патишта. Со овој проект се очекува да се зголеми безбедноста на оние сегменти од патиштата, каде што во изминатиов период бил забележан зголемен број на сообраќајни несреќи.

Воедно, ова претпријатие веќе го распиша тендерот за избор на изведувач што ќе врши градежни работи за подобрување на безбедноста на 11 други патишта. До крајот на јуни ќе се чекаат понудите од градежните компании, по што ќе се пристапи кон изведба на градежни активности за намалување на опасноста од постојните црни точки. Двата пакета на патишта треба да се завршат во тековната градежна сезона, за што се обезбедени средства од Светската банка.

Македонија веќе десетина години нема официјални податоци за точната бројка на црни точки на патиштата. Последните податоци од 2010 година говорат дека се регистрирани 169 црни точки долж целата земја. Токму на овие локации во минатото се случиле поголем број на незгоди со загинати и повредени лица. Податоците на Државниот завод за статистика говорат дека во 2017 година во сообраќајни несреќи во земјава животот го загубиле 155 лица, додека 6.224 лица биле повредени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...