fbpx

Жбогар: Со нетрпение ја очекуваме новата влада, партиите треба да одлучат каква ќе биде

-

Европската Унија очекува што поскоро да се формира нова влада, која во својот фокус ќе ги има евроинтеграциските процеси на земјата, поддржани од сите политички партии, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Прилеп, во рамките на прокетот „ЕУ за тебе“.

– Со нетрпение очекуваме формирање на нова влада. Гледаме дека сите политички партии во земјата ја поддржуваат агендата на Европската Унија. Веруваме дека токму оваа ЕУ-агенда е центарот или ткивото што би ги обединило сите политички партии во земјата и таквата агенда секогаш ќе има потреба од широка поддршка, не само од партиите што се на власт, туку и од опозицијата. Токму на тој начин или во тој контекст ние гледаме една силна влада која ќе притиска или ќе работи на имплементација на ЕУ-агендата и ќе направи прогрес – рече Жбогар, одговарајќи на новинарски прашања.

Прашан дали широка коалиција ќе ѝ стави крај на политичката криза во земјава, Жбогар рече дека работа на политичките партии во Собранието е да одлучат каков вид коалиција, односно каков вид влада сакаат да формираат.

– Ние, како ЕУ, немаме никаков став или гледиште во врска со тоа прашање. Меѓутоа, тоа што е во наш интерес е да се формира една силна коалиција во поширок контекст. Во таа смисла, без разлика дали партиите се на власт или во опозиција, сите треба да дадат поддршка на реализацијата на ЕУ-агендата – изјави евроамбасадорот Жбогар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...