fbpx

Заев со Хан и Столтенберг: Време е сиот напор да се насочи на спроведување на реформите

-

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши за време на неговото учество на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, денеска се сретна со комесарот за проширување на ЕУ и за соседска политика во Европската комисија Јоханес Хан и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Од владата информираат дека на средбата со еврокомесарот Хан било констатирано дека спроведувањето на историскиот Договор од Преспа се одвива според планираното, и дека сега е време сиот напор на политичките процеси во Република Македонија да се фокусира на нагласена имплементација на реформите, за да се овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ.

„Во разговорот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг уште еднаш беа афирмирани пораките за поддршка и охрабрување што и понатаму стигаат од НАТО, да се финишира спроведувањето на Договорот од Преспа, како и очекувањето на почетокот на ратификацијата на протоколот за членство. Премиерот Заев потенцираше дека нашата земја е целосно подготвена за тој значаен чин, како еден од двата врвни приоритети на Република Македонија на меѓународен план во 2019 година“, се вели во владиното соопштение за средбите во Давос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...