This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Mon Jun 18 15:31:47 2018 / +0000 GMT

Заев прифати ТВ дуел со Мицкоски




Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, ја прифати поканата за ТВ дуел од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тоа го соопштија од Владата вчера, кратко време откако Мицкоски по седницата на Централниот комитет на партијата упати таков предизвик до Заев.

– Премиерот Зоран Заев е подготвен за ТВ дуел во секое време со Христијан Мицкоски, бидејќи основа на демократијата е отвореноста и подготвеноста да се соочиш со политичките опоненти - изјави за МИА портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Мицкоски синоќа по седницата на Централниот комитет на партијата го повика Заев да се соочат на телевизија и да дискутираат за преговорите за името.

– Да дискутираме за ова прашање, да може тој да ги информира граѓаните Република Македонија, за тоа како преговара, за што преговара. Но, и да дискутираме за сите оние фаули што ги прави на полето на економијата, на немањето реформи, во образованието, во здравството, да дискутираме за сите оние погрешни политики што се случуваат оваа измината една година, така што еве можност да можат граѓаните да видат за каква политичка гарнитура станува збор, а ние се разбира да можеме да слушнеме да видиме и да ја дознаеме конечно таа лекција која така одамна ја најавуваше само да можат граѓаните да ја слушнат, па можеби и ќе научиме нешто - рече Мицкоски.

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ на 2 јуни во Скопје пред Владата на Република Македонија ќе организира голем протест.

Post date: 2018-05-16 09:37:11
Post date GMT: 2018-05-16 07:37:11
Post modified date: 2018-05-16 09:37:11
Post modified date GMT: 2018-05-16 07:37:11

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com