fbpx

Заев: Оставките на функционерите од Алијанса на Албанците се очекувани

-

Премиерот Зоран Заев рече дека оставката на замениците-министри од Алијансата за Албанците е очекуван чекор откако лидерот на оваа партија, Зијадин Села не ја прифатил понудата од Владата за потпретседателско место за реформи во Владата.

Тој додаде дека нема да брза со разрешување на кадри во институциите како од претходната власт така и од Алијанса за Албанците, бидејќи како што рече, квалитетните кадри треба да останат и верува во капацитетот на тие граѓани.

На прес-конференцијата во Владата каде што беше презентиран планот за економски пораст, Заев рече дека очекува што побрзо опозицијата да се врати во Собранието, за заеднички да работат на реформите кои државата ќе ја придвижат кон ЕУ и НАТО.

Тој додаде дека пратеничките прашања утре во Собранието се за пратениците на опозицијата.

– Пратеничките прашања утре во Собранието се за пратениците од опозицијата, ако не дојдат, седницата ќе трае кратко. Немам намера, долго да одговарам на прашањата на пратениците од власта, иако, и тие имаат можност да постават прашања. Ако пратениците на опозицијата не дојдат утре, се надевам дека ќе се појават на седницата по Нова година, закажана на 9 јануари – рече Заев.

Тој потсети дека на вчерашната средба со новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се согласиле за многу работи, но не се согласиле во однос на надлежноста на партиите.

– Судските органи и јавно обвинителство не се надлежност на партиите, охрабрувам независност во постапките на правосудните органи. Но стојам на ставот дека освен мерката притвор има и други олеснителни мерки, бидејќи од оваа мерка, на сите ни е преку глава – додаде Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...