This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Thu Oct 18 15:46:40 2018 / +0000 GMT

Во Кривичен суд продолжува судењето за смртта на малата Тамара




Во Кривичниот суд Скопје денеска на обвинителна клупа треба да седнат 12 лица во врска со смртта на малата Тамара Димовска од Велес, која во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство.

Со обвинение за „несовесно работење во службата“ Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави против поранешната директорка на Детската клиника Аспазија Софијанова како член на второстепената комисија и поранешните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија (ФЗОМ), Маја Парнарџиева – Змејкова и Џемали Мехази.

Кривични пријави се поднесени и против членовите на првостепената лекарска комисија, односно Владимир Поповски, Александар Чапароски, Лилјана Тозија, Наталија Долненец Банева и Никола Граматиковски, како и против членовите на второстепената комисија, Александар Стојановиќ, Шабан Мемети, Ристе Симеонов и Елена Трпковска.

На претходното рочиште судењето беше одложено поради отсуство на повеќе обвинети.

Post date: 2018-07-04 09:53:31
Post date GMT: 2018-07-04 07:53:31
Post modified date: 2018-07-04 09:53:31
Post modified date GMT: 2018-07-04 07:53:31

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com