fbpx

Убиецот на рускиот амбасадор осум пати го обезбедувал Ердоган

-

Младиот турски полицаец што го уби рускиот амбасадор во Анкара осумпати бил член на обезбедувањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавуваат турските медиуми.

Рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов, беше убиен во понеделникот вечерта од поранешниот турски полицаец, 22-годишниот Мевлут Мерт Алтинташ, кој пред злосторството извикал „Алах е голем“ и „Не заборавајте го Алепо, не заборавајте ја Сирија“.

Весникот „Хуријет“ пренел дека Алтинташ бил член на обезбедувањето на Ердоган осумпати по неуспешниот воен удар во Турција, изведен на 15 јули годинава.

„Алтинташ, кој е убиен по убиство на амбасадорот, бил дел од обезбедувањето на претседателот, веднаш зад телохранителите“, наведе весникот и додаде дека во притвор се наоѓаат 13 лица, меѓу кои и членови на семејството на убиецот.

Официјални претставници на Русија и на Турција наведоа дека убиството на дипломатот нема да ги попречи настојувањата да се поправат билатералните односи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...