fbpx

Туск предложи амбициозна реформа на ЕУ по Брексит

-

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, предложи амбициозна програма која предвидува 13 самити за две години за заживување на Европската Унија по излегувањето на Велика Британија од Унијата.

Туск го упати својот предлог по апелите за заживување на ЕУ, кои неколкупати ги упатија претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и францускиот претседател Емануел Макрон.

Програмата почнува со самитот на ЕУ в четврток и в петок во Брисел, откога редовно ќе се одржуваат собири на лидерите на Унијата до јуни 2019 година, како и неформални состаноци за специфични теми.

Туск предложил и вонреден самит во Романија предвиден за март 2019 година, по заминувањето на Велика Британија, како и самит за безбедност следната година во Виена.

„Многу сум задоволен што ја гледам вашата подготвеност да ја забрзате работата и да се надмине чувството на беспомошност“, наведе Туск во писмото до лидерите на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...