fbpx

Турција ѝ се заканува на Русија дека ќе престане да го купува нејзиниот гас

-

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ја предупреди Русија дека ќе го раскине договорот за купување гас ако руските воздушни сили продолжат да го нарушуваат нејзиниот воздушен простор при бомбардирање на Сирија.

Ердоган наведува дека Турција е купувач број еден на рускиот природен гас.

– За Русија, губењето на Турција може да биде голема загуба. Ние можеме да купуваме гас од најразлични места – вели турскиот претседател.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека претседателот Владимир Путин е запознаен со предупредувањето од Ердоган.

Турција ја обвини Русија дека го нарушила нејзиниот воздушен простор на 3 и на 4 октомври.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...